Италија, една од најубавите земји во Европа и пошироко,земја на богата култура, храна и традиција чека на вас. Тимот на Вондер Камп ви овозмжува да ги посетите најатркативните и најпосетуваните туристички дестинации. Кампот ќе се одржи во Чесенатико, Италија кој е еден прекрасен антички и модерен град на Јадранот. Најпознат е по каналот кој го дизајнирал Леонардо да Винчи. Прекрасно мало место со одлична плажа во кое ќе се заљубите на прв поглед.
08.07. – 19.07.2022
Чесенатико, Италија
3* Хотел на база на полн пансион
519 евра
Туристичка такса 0.5 ЕУР по лице ( за лица постари од 14 години)
15.06.2022
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во камп на прв ред од плажа.
Сместувањето е во 4/5/6 креветни соби со сопствено купатило. За групи, клубови, тимови со повеќе од 25 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за возачите и тренерите.
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Забелешки:
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Состанок со групата во Скопје и поаѓање кон Игуменица.
Фериброд за Бари, Италија
Пристигнување во Бари и поаѓање за Рим.
Пристигнување во Рим и сместување во Хотел.
Ноќен разглед на Рим.
Појадок во хотелот.
Целодневен разглед на Рим.
Појадок, одјавување од хотелот и поаѓање за Фиренца.
Разглед на Фиренца
Сместување во хотел.
Доручек и одјавување од хотелот.
Поаѓање за Пиза и разглед на градот.
Разглед на Чинкве Тере.
Пристигнување во Чесенатико, сместување и вечера
Активности на плажа
Турнир по одбојка
Фудбал, Кошарка и други спортови
Вечера и Слободно попладне
Забавни игри на плажа
Водени лудории
Појадок и одјавување од хотелот.
Поаѓање кон Постојна Јама, Словенија.
Посета на Постојна Јама и поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија.
Програмата може да биде прилагодена согласно потребите на групата.
Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 30 ти Мај 2022.
Панорамски разглед на Рим со разглед на Колосеумот, Фонтана ди треви, Пантеон, Римскиот Форум, Шпанските скали и др
Ватикан и плоштадот Св. Петар. Доколку сте љубители на уметност и историја Ватиканскиот музеј е дефинитивно местото за Вас
Дефинитивно по многу луѓе и најубавиот град во Италија. Едно безвременско прекрасно место и родното место на ренесансата. Заштитен од Унеско за историско наследство во 1982 год. Галеријата Уфици, Понте Векио, Катедралата Станта марија дел Фиоре се само дел од прекрасните знаменитости што ќе г
Уште едно прекрасно градче во преубавата Тоскана. Пробајте го уникатниот вкус на тартуфата од Тоскана со локалните пијалаци. Средновековниот изглед ќе ве освои заедно со прекрасната Пјаца дел Кампо
Сигурно сте чуле за кривата кула во Пиза и прекрасните фотографии што ќе ги направите со истата, а Манарола во Чинкве тере е место како од бајките. Ќе го посетиме со супер модерен воз и ќе имаме можност да уживаме во едно од најпрекрасните скриени дијаманти на Италија.
Дефинитивно едно несекојдневно искуство. Посета на пештерата со прекрасна железница и уживање во Сталагмитите на една од најголемите пештери во Европа.
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Слободен паркинг
Со предходна најава и барање организаторот може да обезбеди превоз од Аеродром и обратно.