Како да аплицираме за кампот?
Дали треба да се уплати целата сума при аплицирањето?
Нашата организација соработува со многу хотели од 3*** 4**** или 5***** . По аплицирањето ќе бидете соодветно известени во кој хотел ќе бидат сместени учесниците.
Што ако моето дете е вегетаријанец или веган?
Во тој случај тоа треба да се најави кај организаторот и за детето ќе се послужува храна според потребите.
Што доколку детето е алергично на некоја храна или лекови или зема некоја редовна терапија?
Доколку детето е алергично на некоја храна или лекови и доколку зема некаков вид на редовна терапија, родителот ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба тоа да го пријави кај организаторите.
Како ќе комуницираме со нашето дете?
Пожелно е да ги контактирате децата во одреден период со цел да се задржи квалитетот на кампот.
Дали лидерите ќе бидат достапни за комуникација?
Доколку не можете да ги добиете вашите деца од било кој причина, секогаш ќе имате контакт од лидерите кои ќе бидат достапни во текот на целото патување.
Информации како и слики од активностите во текот на патувањето редовно ќе бидат споделувани на нашите социјални мрежи Facebook и Instagram
Дали има доктор на кампот?
Доктор на кампот е достапен 24 часа.
На колку деца има еден одговорен лидер?
На 15 - 20 деца има еден одговорен лидер.
Штом ќе се регистрирате за некој од нашите кампови, нашиот тим ќе ве контактира. Секогаш целосна листа со детали околу патувањето се испраќа 20 дена пред поаѓање.
Секогаш е различно. Имаме деца што се пријавувале сами и стекнале одлични другари/ки што се дружат и понатаму, сме имале и помали и поголеми друштва пријавени на камповите. Секогаш децата ги распределуваме според возраст и гарантираме незаборавни денови со нас.