Wonder Camp постои од 2011 год. Ние сме високо професионален тим со повеќе од 11 години искуство во работата со деца и тинејџери. Ние нудиме еден спектар на забави и возбудливи спортски кампови за деца и млади во пријателска и пријатна средина, кои ги водат високо квалификувани тренери и лидери.
Вондер Камп е прекрасен летен и зимски камп за момчиња и девојчиња од 8 год и постари. Доживувањата што децата ги стекнуваат на нашите кампови ги прераскажуваат со години. Нашиот тим работи преку целата година за децата да имаат незаборавни моменти исполнети со многу забава, едукација, дружење и прекрасни незаборавни моменти.
Нашата мисија е да имаме совршено организирани кампови и презадоволни учесници кои ќе сакаат секогаш да ја повторат авантурата која еднаш ја доживеале.
Целта на Wonder Camp е сите учесници за време на камповите да се забавуваат без влијанието на телефоните и социјалните мрежи.
Нашата визија е да го задржиме и зголемиме квалитетот на нашите кампови а со тоа и бројот на учесниците кои би се дружеле со нас.
Креативност. Разновидност. Тимска Работа. Одлична услуга!
Нашиот тим е Ваш тим! Ако имаш мисија да обезбедиш високо квалитетен камп со највозбудливото искуство за младите од целиот свет, тогаш потребен ти е најдобриот тим кој ќе те води напред кон исполнување на целите. Тимот на Вондер Камп е група од ентузијасти, едукативни, посветени луѓе, искусни во своите спортови, и нивната основна цел во Вондер Спорт Камп е да му го овозможат на вашето дете најдоброто летно спортско доживување што го имале досега.
Развивање на нови пријателства преку спортски и други активности во кампот, се подобрува квалитетот на животот на сите вклучени.
Contact me:
dejan@holiyaytravel.comДиректор
Contact me:
marko@wondersportcamp.comДиректор
Contact me:
zoran@wondersportcamp.comМенаџер за продажба и комуникации
Организирани кампови
Учесници во текот на годините
Екскурзии
Организирани забави
Незаборавни моменти