Замисли си лето каде секое утро се будиш во нов град, опкружен со пријатели и нова енергија. Од историските калдрми на Европа до модерните булевари на Барселона, овој летен камп е твојот пасош за незаборавно патување на прекрасни дестинации.Деновите ни се резервирани за сонце, спорт и плажа, а ноќите за магија. Со звуците на светските диџеи и ритамот на најлудите диско забави, ќе го прославиме летото како никогаш досега.
Подготви се за авантура која се случува еднаш во животот! Те водиме на неверојатен летен камп низ повеќе европски метрополи, каде секој агол крие нова приказна. Од гламурот на Монте Карло до уметничкиот дух на Барселона, ќе ги истражиме најпознатите знаменитости и ќе ја почувствуваме магијата на европската култура. Но, денот не завршува со разгледување! Очекувај бескрајна забава на песочните плажи, возбудливи спортски турнири и адреналин под сонцето. А кога ќе падне мрак? Сцената ја преземаат најпознатите диџеи и изведувачи за забави кои траат до зори.
Не чекај – резервирај го твоето место и создади спомени кои ќе ги прераскажуваш засекогаш!
25.06.2026 - 07.07.2026
Шпанија
Хотел Марипинс 4* и Картаго Нова 3*
699 еур. ЗА ПРВИТЕ 200 ПРИЈАВИ!
769 еур. регуларна цена.
2.5 еур. по лице од ден
25.05.2026 или до пополнување на местата
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во хотел со 3* и 4 * на прв ред од плажа. Сместувањето е во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило. За групи, клубови, тимови со повеќе од 25 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за возачите и тренерите.
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Важна напомена:
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Состанок со Групата
Поаѓање кон Италија и ноќно возење. Скопје – Белград – Загреб – Венеција.
Пристигнување претпладне. Факултативна посета на Венеција со брод (Плоштадот с. Марко, мостот Риалто, Големиот канал и др.).
Сместување во хотел и ноќевање.
Појадок. По појадокот поаѓање за Верона и разглед на нејзините знаменитости.
Продолжување на патувањето кон Шпанија. Ноќно возење
Попатно застанувње и продолжување кон Шпанија
Пристигнување во Шпанија
Сместување во Хотел и Ручек
Вечера, објаснување на основните правила и кратко запознавање со градот и програмата на кампот.
Зумба
Забавни активности
Ручек
активности на плажа
Вечера
Појадок , и одјавување од хотел. Поаѓање и патување кон Кан.
Пристигнување и прошетка низ Кан
Поаѓање за Монако и Монте Карло. Уживање во магијата и луксузот од Монако до доцните вечерни часови.
Поаѓање кон Милано
Пристигнување во Милано и слободно време во Центарот
Сместување во Хотел
Вечерен разглед на Милано
Појадок
Одјавување од хотел и тргнување за Скопје
Пристигнување во Скопје
Програмата може да биде прилагодена согласно потребите на групата.
Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 30-ти мај 2025.
Целодневен разглед на Барселона со посетана споменикот Колумбо, Монжуик и прекрасниот видиковец на цела Барселона, Олимпискиот стадион, плоштадот Еспања, Каса Батио и каса Педрера - Антонио Гауди, Саграда Фамилиа, Ла - Рамбла и слободно време за Шопинг на плоштадот Каталуња.
Посета на еден од најголемите и аквариуми со над 11,000 животни од 450 различни видови. Незаборавно искуство во реткиот под морски аквариум.
Разглед на еден од најубавите стадиони во светот. Посета на музејот на Барселона, клубските пехари, соблекувалните, собата за прес и секако доживување од теренот на ФК Барселона.
Посета на Венеција со брод и разглед на плоштадот Св. Марко, Мостот Ријалто, мостот на воздишките, големиот канал и др. Едноставно уживајте во градот на вода, градот на Марко Поло и Вивалди.
Вториот наголем град во Италија, градот на модата, градот на славните фудбалски клубови Интер и Милан. Ја посетуваме петтата најголема катедрала во Светот украсена со слики на Леонардо да Винчи, споменикот на Да Винчи, замокот Сфорч
Една несекојдневна посета во место преполно со гламур и раскош, бродови, јахти и скапи коли. Ја посетуваме палатата на принцот, патеката Формула 1, Најпознатото казино и мн др. Чувството е неверојатно, а спомените вечни.
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Слободен паркинг
Со предходна најава и барање организаторот може да обезбеди превоз од Аеродром и обратно.