Bad Schussenried e историски град со околу 8500 жители сместен во прекрасна,идилична ридска област помеѓу езерото Констанца и реките Дунав и Илер.
Нашето училиште се наоѓа во модерен комплекс кој се протега помеѓу прекрасен парк и широк простор за рекреација на отворено. Студентите можат да стигнат до центарот на градот пеш за околу 5 минути.
Зошто Хамболт Институт
25.06.2023 минимум престој од 2 недели
02.07.2023 минимум престој од 2 недели
30.07.2023 минимум престој од 2 недели
Bad Schussenried
Сместувањето на студентите е во двокреветни соби во самиот кампус
25.06. - 09.07.2023 = 3.020€
02.07. - 16.07.2023 = 3.065€
30.07. - 13.08.2023 = 2.990€
Вклучена во цената
25.04.2023
Слободни активности
Bad Schussenried располага со многу спортски објекти за млади спортисти. Покрај големата спортска сала, училиштето располага со голем затворен базен со сауна и ѕид за искачување, а веднаш тука се наоѓаат и затворени тениски игралишта. Надвор имаме тревници, спортски терени, езеро за пливање и велосипеди за планинско возење , со кој што може да возите низ прекрасната околина.
Новите уметници можат да ја искажат својата креативност во нашите креативни работилници. Собите за игри и забава (фудбал на маса, базен, пинг понг) го комплетираат разновидниот оспег на слободни активности и гарантираат исполнето слободно време.
Неколку примери за слободни активности: кошарка, ракотворби, одбојка на плажа, билијард, диско, фудбал, скара, качување, пијано, планински велосипедизам,сауна,пливање(затворен базен),пливање(езеро),спортска сала, тенис(затворен), фудбал на маса, пинг понг,одбојка.
Сместување
Сместувањето на студентите е во двокреветни соби во самиот кампус. Сите соби имаат сопствена бања како и балкон. Внимателно ги избираме студентите кои ќе делат соба. Се трудиме да сместиме студенти кои имаат споредливо ниво на германски јазик и се на слична возраст, а сепак зборуваат различен мајчин јазик. На овој начин ги охрабруваме да зборуваат и да вежбаат германски јазик едни со други надвор од училницата. Момчињата и девојчињата се сместени посебно.
Три оброци дневно (појадок, ручек, вечера) се служат во училишната менза. Персоналот на кујната нуди разновидна и здрава исхрана и сите оброци се свежи и приготвени истиот ден. Корпа со овошје е достапна во текот на целиот ден.
Услугата за перење алишта им се нуди секојдневно на сите студенти бесплатно за личната гардероба. Постелнината и крпите се обезбедени и редовно се менуваат.
Во Bad Schussenried, институтот Хамболт нуди курсеви по германски јазик за деца и тинејџери преку цела година. За деца од 10-13 години се нуди интензивен курс од 25. За тинејџери од 14-17 години се нуди интензивен курс 30. Цифрите го означуваат бројот на часови неделно во секој курс.
Сите курсеви се нудат како пакет кој вклучува сместување, полн пансион, дневни активности и екскурзии.
Дадените датуми се денови на пристигнување, а тоа е Недела. Часовите се од понеделник до петок, еден час =45 минути. Времетраење на курсевите: мин. 2 недели.
Цената вклучува:
Цената Не Вклучува:
Секој учесник треба да плати 30% од износот по потврдување на апликацијата. Плаќање на неколку рати е исто така дозволено. Последната рата треба да се уплати најдоцна до
Доколку учесникот го откаже патувањето до 30 дена пред поаѓање, средствата ќе му бидат целосно рефундирани.
Надзор
Ние гарантираме сигурен деноноќен надзор, како за време на екскурзии така и за време на целиот курс. Од учесниците се очекува да присуствуваат на сите часови, оброци и закажани активности и екскурзии.
Пристигнување и поаѓање
Нашиот ден на пристигнување е недела, ден пред почетокот на курсот, а денот на поаѓање е сабота по завршување на курсот.
Железничка станица
Нашите студенти ги земаме од железничката стананица Бад Шусенрид бесплатно.
Трансфер на аеродром
Нудиме можност да организираме платен трансфер од и до Аеродромот во Мемингем
Како да се регистрирате?
Пополнете го формуларот за апликација на нашата веб страна до 15 Јуни 2023. Откако ќе се регистрирате, нашиот тим ќе ве исконтактира за околу 48 часа за понатамошни инструкции со вашата апликација.
Нудиме можност да организираме платен трансфер од и до следниве аеродроми: Минхен, Цирих, Мемингем и Фридрихсхафен.