Придружете ни се на незаборавен 8-дневен летен камп во Истанбул, Турција! Ќе танцуваме под ѕвездите на плажа и на диско забавите со познати диџеи. Ќе уживаме во многу активностите и забави на плажа, ќе танцуваме во ритамот на најпознатите мелодии, ќе спортуваме и ќе се натпреваруваме .
Но, тоа не е се! Истанбул е град богат со историја и култура, а ние ќе ве однесеме на незаборавна обиколка на неговите иконски знаменитости, неверојатна архитектура и вкусна храна. Ќе имате можност да истражувате антички палати, раздвижени пазари и живописни улици, а сето тоа додека стекнувате нови пријатели и учете за различна култура.
Па што чекаш? Земете го кремот за сончање, костимот за капење и омилениот party outfit и подгответе се за најдоброто лето во вашиот живот!
11.07.2025 - 19.07.2025
Истанбул, Турција
Хотел 5* – на база полупансион (појадок и вечера)
420 евра
0,85 Еур на ден
10.06.2025
Учесниците ќе бидат сместени во 5* хотел во Истанбул, во трокреветни и четворокреветни соби. Првите 350 пријавени учесници ќе бидат сместени во хотел Kumburgaz Marin Princess во Истанбул на база полупансион.
Цената ВКЛУЧУВА:
Цената НЕ вклучува:
Важна напомена:
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Состанок со групата во Скопје
Поаѓање кон Турција со попатни паузи
Пристигнување во Истанбул
Ве водиме во славното минато на седиштето на Османлиската држава. Од најпознатата султанска палата - Топ Капи до Сината Џамија, Аја Софија, Хамамот на Хурем Султан, Прекрасниот поглед од кулата Галата, ве водиме и до најпознатиот плоштад во Истанбул - Таксим. Секако ќе ги посетиме и Капеле Чаршија и најпознатиот Универзитет во Истанбул. Дводневна посета што Вондер камп ќе направи да ја паметите цел живот.
Уникатна вечерна забава со Ди -Џеј на брод и крстарење по Босфор. Забава под отворено небо со прекрасен поглед и музика за секој вкус. Вечер како од бајките
Ако сте љубител на Аква паркови и адреналин дефинитивно треба да го посетите еден од најубавите Аква Паркови во Истанбул. Многу активности и одлична еднодневна забава за паметење.
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Слободен паркинг
Со предходна најава и барање организаторот може да обезбеди превоз од Аеродром и обратно.