Подготви се за лето исполнето со енергија, дружење и незаборавни моменти на Ибица и Барселона – две светски познати дестинации кои нудат идеален спој од сонце, море, култура и современа забава. Оваа 18+ тура е внимателно креирана за млади кои сакаат повеќе од обичен одмор – патување исполнето со откривање, нови искуства и вистинска летна атмосфера.Со јасна организација, проверени сместувања и постојана поддршка од тимот, патувањето е осмислено да биде истовремено возбудливо и сигурно.Очекувај прошетки низ живописни улици, моменти покрај море, заеднички активности и вечери исполнети со позитивна атмосфера. Секој ден носи ново доживување, нова приказна и ново пријателство. Ова не е само обичен одмор, ова е авантура која ќе ја паметиш до крајот на животот!
16.07 - 21.07.2026
Ибица - Шпанија
Сместување во хотел во Ибица и Барселона
895 еур.
3 еур. на ден по лице
До пополнување на местата (ограничен број)
Цената Вклучува:
- Повратна авио карта Скопје – Барселона – Скопје
- Повратна авио карта Барселона – Ибица – Барселона
- 3 ноќевања во хотел во Ибица
- 2 ноќевања со појадок во Барселона
- Организирани трансфери во Ибица и Барселона
Цената не вклучува:
- туристичка такса
- патничко осигурување (се вади во агенција)
- журки на Ибица (индивидуално)
За потврда на резервација потребна е уплата од 30% депозит (Non refundable) од вкупниот износ.
Останатиот износ треба да биде уплатен најдоцна до 10.06.2026 година.
Резервацијата се смета за валидна исклучиво по извршена уплата на депозитот.
Секој патник задолжително мора да поседува валидно патничко здравствено осигурување за времетраење на патувањето.
Осигурување се вади задолжително преку агенцијата.
Авио билетите се издаваат по извршена уплата и се нерефундибилни.
Агенцијата го задржува правото на измена на редоследот на програмата без промена на содржината.
За ова патување важат Општите услови за патување на агенцијата.
Собирање на групата и чекање на аеродромот во Скопје
Чекирање на карти и поагање кон Барселона
Пристигнување на аеродромот во Барселона (Ел Прат)
Поагање кон хотел во Барселона и ноќевање
Појадок
Чек оут од хотел и поагање со организиран транспорт до аеродром во Барселона
Чек ин на карти и поагање со авион кон Ибица
Пристигнување на Ибица и сместување во хотел
Слободно време за плажа, денски журки и журка на брод
Посета на ноќни журки на Ибица (секој индивидуално или групно организирано)
Посета на едни од најатрактивните плажи во Европа и Шпанија (Nassau Beach Club и Zazu Ibiza)
Ноќни журки во најатрактивните клубови на Ибица со Врни светски DJ'S како (Black Coffee, Hugel, Bresh Ibiza)
Посета на Babylon Beach и слободно време на плажа и журки на плажа
Ноќни журки низ Ибица во познати светски клубови како (Hi Ibiza, Amnesia, Pacha Ibiza)
Одјавување од хотел и поагање кон Барселона
Поагање со авион кон Барселона
Пристигнување на аеродромот во Барселона и трансфер до хотел
Сместување во хотел и одмор
Вечерна прошетка низ Барселона и слободно време за шопинг
Ноќевање
Појадок
Чек оут од хотел и поагање кон аеродром со организиран трансфер
Пристигнување на аеродром и чекирање на карти
Полетување кон Скопје
Пристигнвуање на аеродромот во Скопје
Се патува со авионски превоз Скопје- Барселона - Ибица (повратна карта)