Wonder Camp ве носи на незаборавно патување што ќе го паметите цел живот. Нашиот тим внимателно ја одбра програмата и со нетрпение чекаме да ја реализираме истата. Ќе посетиме над шест Европски држави и над десет Европски метрополи. Нов и модерен начин на организација, искусни водичи и многу многу забава е тоа што ве очекува.
Придружете му се на нашиот тим и поминете незаборавна екскурзија со многу дружење, изненадувања и забава.
Искусете неповторливи моменти и создадете спомени за цел живот заедно со Wonder Camp.
09.08 - 22.08.2025
Европа
Хотелско сместување
649 Еур за првите 100 уплати!
699 регуларна цена
во зависност од хотелот
25.07.2025
Право на учество имаат сите учесници кои на ден на поаѓање имаат полни 18 години
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Состанок со групата пред салата Борис Трајковски во 17.00 ч. Поаѓање кон Будимпешта со попатни паузи во Србија. Ноќно возење
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Можност за факултативни екскурзии. Панорамски разглед на Будимпешта (плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав) . Сместување во хотел и пауза до вечерните часови.
Welcome Party во еден од ноќните клубови во Будимпешта.
Појадок и припрема за поаѓање кон Прага. Можност за факултативна посета на уникатен Аква Парк со термални води. Пристигнување во Прага. Сместување во хотел. Вечера.
Уникатна журка во главниот град на забавите во Источна Европа !
Појадок. Можност за факултативни екскурзии. Панорамски разглед на Прага (Прекрасниот стар плоштад со Астрономскиот часовник, Карлов мост, градската куќа, посета на пивница со несекојдневна шоу програма. Враќање во хотел и вечера.
Тематска забава во главниот град на забавите во Источна Европа !
Појадок и припрема за поаѓање кон Дрезден. Разглед на Дрезден - главниот град на областа Саксонија, основан уште 600 г п.н.е на областа на реката Елба. Една незаборавна авантура што сигурно ќе ја паметите. Попладневно поаѓање кон Берлин. Панорамски разглед на Берлин до доцните вечерни часови. Плоштадот на Републиката, Брандербуршката порта, Германскиот Парламент бундестаг, дворецот Шарлотенбург, Берлинскиот ѕид итн.
Пристигнување во Амстердам во претпладневните часови.
Сместување во хотел и слободно време за посета на екстравагантниот Амстердам Ноќевање
Појадок и припрема за факултативни излети - Heiniken Experience, Maddam Tisout, слободно време до 23.00
Вечерно патување кон Париз.
Пристигнување во Париз во претпладневните часови. Можност за вечерни факултативни излети - Луксембуршки градини, Нотрдам, Лувр, плоштад Бастиља.
Сместување во Хотел и Ноќевање
Факултативни излети: Мулен Руж, Sacre Coeur, Монмартер, Шанзелизе, Триумфалната порта, трокадеро, Ајфелова и крстарење на Сена и др..
Целодневено уживање во магијата на Disney. Несекојдневно доживување без разлика на возраста.
Вечерно патување кон Венеција
Пристигнување во Лидо и сместување во хотел
Ноќевање - Тематска забава
Појадок, Факултативна посета на Венеција со брод, или плажа за тие кои не посетуваат.
Ноќевање и Вечерна забава
Појадок и поаѓање кон Постојна Јама. Несекојдневна авантура
Ноќно возење кон Скопје.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
Панорамски разглед на Прага (Прекрасниот стар плоштад со Астрономскиот часовник, Карлов мост, градската куќа, посета на пивница со несекојдневна шоу програма.
Welcome party во еден од најпознатие ноќни клубови во Прага.
Панорамски разглед на Берлин до доцните вечерни часови.
Плоштадот на Републиката, Брандербуршката порта, Германскиот Парламент бундестаг, дворецот Шарлотенбург, Берлинскиот ѕид итн.
Панорамски разглед на Амстердам. Плоштадот Рембрант, плоштадот Дам, пловечкиот цветен пазар, куќата на Ана Франк, музејот на Ван Гог, вечерни посети на најпознатите и најатрактивни улици во Амстердам.
- Музејот Мадам Тисо
Прекрасно уживање во неверојатните возочни фигури
- Heineken Experience
Интерактивна тура со најпознатиот светски бренд за пиво.
Панорамски разглед на Париз со посета на плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Плоштадот Бастиља, Универзитетот Сорбона, Латинскиот Кварт, Триумфалната порта, Moulin Rouge и др.
- Версај, Крстарење на Сена и Ајфелова Кула
Посета на една од најубавите кралски палати Версај. Прошета низ градините на Кралот Луј XIV, салата со огледалата, многубројните фонтани итн..
Вечерно крстарење по Сена и посета на Ајфеловата кула. Магично крстарење со брод.
- Дизниленд
Бајките стануваат реалност. Дизниленд е нај посетуваниот забавен парк во светот. Има и зошто. Од најмали до највозрасни буквално сите уживаат во магијата наречена Дизниленд.
Посета на Венеција со брод. Плоштадот на св. Марко, Дуждовата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто и др.