ДоломитСКИ Ретрит – Италија
Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.
Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.
Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.
Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.
Нашиот искусен тим од Wonder Camp ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.
Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.
13.01 - 21.01.2027
Доломити - Италија
Хотел "Orsa Magiore 3* " ( Во 3, 4 и 5 креветни соби)
599€ промо цена за првите 50 пријавени!
Туристичка такса 3,5 Еур на ден (се плаќа во хотел)
До пополнување на места
Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор
Цената вклучува:
ПАТУВАЊЕ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА САМО ДОКОЛКУ ИМА ДОВОЛЕН БРОЈ НА ПАТНИЦИ!
Поаѓање од Скопје.
Пристигнување во Фалкаде ( Тревали)
Сместување во хотел и слободно попладне
Состанок со групата
Појадок и припрема за скијање
Трансфер до стазите
Скијање
Враќање во хотел
Вечера
Слободни Активности
Одјавување од Хотел
Поаѓање кон Скопје
Пристигнување во Скопје
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Бесплатен паркинг
Организаторот може да обезбеди превоз од Аеродром и обратно.