Wonder Camp нуди извонредно искуство што ќе ве однесе до вашето патување од соништата! Тимот на Wonder Camp и Holiyay Travel може да ви помогне да го организирате вашето патување од вашиот роден град до еден од нашите кампови со цел да имате незаборавни искуства за вас и вашите пријатели и семејства. Искористете ја можноста да посетите некои интересни места и атракции во градовите низ кои поминувате со едно или повеќе ноќевања.
Нашите кампови и авантури во 2025 година
2025 година е навистина посебна за нас – година исполнета со авантури, патувања, спорт, забава и најважно од сè, многу детски насмевки. Благодарение на довербата од родителите и енергијата на децата и тинејџерите, оваа година ја претворивме во едно незаборавно патување низ различни дестинации.
Јануари – Зимска магија во Банско Годината ја започнавме со зимски камп во Банско, наменет и за деца и за тинејџери. Скијање, сноубординг, журки, игри на снег и вечерни дружби ја направија оваа авантура вистинска зимска бајка. Родителите можеа да бидат спокојни затоа што секое дете беше во сигурни раце со нашиот искусен тим од инструктори и аниматори.
Февруари – Доломити, Италија За љубителите на алпското скијање, ја организиравме скијачката програма во Доломитите. Тинејџерите имаа можност да скијаат на некои од најубавите патеки во Европа, да стекнат нови вештини и да се дружат во интернационална средина. Покрај спортот, имавме и активности за забава, културни вечери и тимски игри.
Јуни – Тура низ Шпанија Во летниот период нашата авантура продолжи во Шпанија. Со тинејџерите патувавме низ најубавите градови, ја почувствувавме шпанската култура, гастрономија и живописна енергија. Оваа тура беше одлична можност децата да се запознаат со нова земја, да стекнат пријателства и да учат преку патување.
Август – Сицилија, Италија Патувањето продолжи на југ, на прекрасната Сицилија. Тинејџерите уживаа во комбинација на историја, море и авантура. Од разгледување културни знаменитости, преку активности на плажа, па сè до организирани работилници, ова беше едно незаборавно летно искуство кое ги спои пријатното со едукативното.
Нашата мисија Сите кампови и патувања што ги организираме имаат една заедничка цел – децата и тинејџерите да поминуваат квалитетно време, да стекнуваат нови искуства, да учат, да се дружат и да растат во безбедна и позитивна средина.
2025 година ни покажа колку многу радост и енергија носат овие авантури. Благодарни сме на довербата од родителите и со нетрпение ги очекуваме следните патувања што ни претстојат.