Специјално креиран детски камп за деца на возраст од 7 до 15 години, кој нуди богата, забавна и едукативна програма со фокус на скијање, дружба и незаборавни зимски искуства. Нашата мисија е секое дете да го помине својот зимски распуст на најубав можен начин – во безбедна, весела и мотивирачка средина, опкружено со нови пријатели и под постојан надзор на искусен и посветен тим.
Wonder Супер Распуст не е само скијање – тоа е комбинација од спорт, дружба и креативни активности.
Вечерите се резервирани за: игри и тимски натпревари, креативни работилници, караоке вечери, маскенбал, тематски забави во хотелот. Овие активности помагаат децата да се отворат, да стекнат самодоверба, да развијат нови пријателства и да научат да работат во тим.
Придобивки за вашето дете
Учеството на вашето дете на Wonder Супер Распуст значи:
Wonder Супер Распуст не е само незаборавно доживување за децата – тоа е и идеална можност за родителите да си подарат сопствен зимски одмор.
Додека вашите деца се целосно вклучени во нашата богата дневна програма, под постојан надзор на искусниот тим 24/7, вие можете безгрижно да уживате во скијање, спа, прошетки или едноставно во мирот на планината.
13.01.2027 - 18.01.2027
Банско
Hotel Sunrise 4*
Студио (до 3 лица): 319 €
Апартман со една спална соба (до 4 лица): 339 €
До пополнување на местата.
Фамилијарни пакети за Hotel Sunrise 4* - Bansko
Услови за деца:
• Деца до 5,99 години: бесплатно, без учество во програмата на кампот.
• Деца од 6 до 11,99 години кои не учествуваат во програмата: 50% попуст од цената за возрасен, доколку се сместени со двајца возрасни. Попустот може да се примени и за второ дете, ако капацитетот на сместувањето го дозволува тоа.
• Деца од 6 до 11,99 години кои учествуваат во програмата: 339 € по дете, со вклучени ски-инструктор и анимација.
• Деца од 12 до 17,99 години: 339 € по дете, со вклучени ски-инструктор и анимација.
Важно: Попустот од 50% важи само за деца кои не користат ски-инструктор и анимација од кампот. Доколку во собата престојуваат еден возрасен и едно дете, за детето се пресметува полната цена за возрасен според избраниот тип сместување.
Инструкторите работат во група со деца на исто ниво (Почетно, средно и напредно ниво)
Средно и напредно ниво работат цел ден од 08.30 до 16.00 часот
Почетниците работат околу 3 часа (Во различен период од денот)
Посетете ја зимската авантура во магичното Банско. Одберете еден од нашите фамилијарни пакети и дозволете да ја направиме вашата зима магична.
Ден 1.
- тргнување од Скопје во попладневните часови
- пристигнување во Банско и сместување во хотел
- слободно време и одмор
Ден 2.
- доручек и припрема за скијање
- скијање со нашите инструктори според програма
- одмор и слободно време
-
На Wonder Зимскиот Камп во Банско, секој момент е осмислен за да им помогне на децата не само да уживаат, туку и да растат – физички, емоционално и социјално.
Секојдневните часови со лиценцирани инструктори не се само вежбање – тие учат на упорност, концентрација и поставување цели. Мали групи значат поголемо внимание и брз напредок.
Нашата програма е внимателно избалансирана со активности кои влијаат на различни аспекти од развојот на детето:
50 еур.
Бесплатен