Наменет за деца од 7 до 15 години, кампот во Крушево нуди богата, забавна и едукативна програма со фокус на зимски активности, дружба и незаборавни зимски искуства. Нашата мисија е секое дете да го помине својот зимски распуст на најубав можен начин – во безбедна, весела и мотивирачка средина, опкружено со нови пријатели и под постојан надзор на искусен и посветен тим.
Кампот се одржува во еден од најубавите, најпланинските градови во Македонија, Крушево. Децата се сместени во нови апартмани и се со полн пансион (појадок,ручек и вечера). Како на сите други кампови така и во Крушево хигиената и исхраната и безбедноста ни се топ приоритети за најмладите.
Wonder Супер Распуст – тоа е комбинација од спорт, дружба и креативни активности.
Вечерите се резервирани за: игри и тимски натпревари, креативни работилници, караоке вечери, маскенбал, тематски забави во хотелот. Овие активности помагаат децата да се отворат, да стекнат самодоверба, да развијат нови пријателства и да научат да работат во тим.
08.01-12.01
12.01-16.01
Крушево, Македонија
Хотел Вила Гора 3* - Крушево
Хотел Скорпион 3* - Крушево
12,950 ден.
Вклучено во цената
15.12.2025
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило. Локалитетот нуди богата природа и уредени шумски патеки за пешачење, спортски игралишта за рекреација и спортување. За групи, клубови, тимови со повеќе од 20 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за тренерите и инструкторите.
Цената вклучува:
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Вештини за доживотен успех - 5 алатки за 5 дена
1. Градење на карактер
Ги учиме децата да се однесуваат со интегритет, да се искрени и автентични
2. Самодоверба
Да веруваат во своите способности и да ја променат негативната перцепција за себе.
3. Комуникација
Да комуницираат на позитивен начин, да бидат одговорни и директни во интеракцијата, да избегнуваат оговарање и негативни конверзации додека учат да бидат внимателни слушатели.
4. Креативно размислување
Ги учиме да пристапат кон секојдневните предизвици со нови модерни вештини за креативно размислување.
5. Менаџирање со времето
Ја демонстрираме вредноста на времето и ги учиме како да ги поставуваат приоритетите.
Поаѓање од Скопје
Пристигнување во хотел и состанок со групите
Нашата програма е внимателно избалансирана со активности кои влијаат на различни аспекти од развојот на детето:
Во современото општество, кога родителите се соочуваат со сè побрзо секојдневие и се повеќе бараат активности што ќе им помогнат на децата да развиваат нови вештини и социјални односи, детските кампови стануваат сè попопуларен избор. Но, и покрај тоа што забава, учење и авантура се клучни аспекти на секој камп, безбедноста секогаш мора да биде највисок приоритет.
Првиот чекор во обезбедување безбеден камп е избор на соодветна локација. Камповите треба да се наоѓаат во безбедна околина, далеку од сообраќаен метеж, опасни терени или индустриски зони. Објектите мора да бидат регуларно проверувани, да поседуваат основна противпожарна и прва помош опрема, како и јасно означени излези за евакуација.
Покрај тоа, активностите во кампот – било да се работи за спорт, водени активности или планинарење – мора да бидат внимателно надгледувани од обучени инструктори со познавање од безбедносни процедури.
Психолошката сигурност е исто така клучна. Децата треба да се чувствуваат безбедно, поддржано и охрабрено да се изразат без страв од осуда или исмејување. Обуката на персоналот треба да вклучува препознавање на знаци на анксиозност, стрес или булинг, како и техники за креирање пријателска и инклузивна атмосфера.
Обезбедување квалитетна обука за тимот е суштински елемент во секој успешен камп. Одговорните лица мора да имаат:
Завршено основно ниво на прва помош и CPR обука,
Обука за работа со деца,
Познавање на психолошка прва помош и основи на детска психологија.
Секој камп треба да има јасна политика за реагирање во итни ситуации, комуникација со родителите и евиденција на медицинските потреби на секое дете (алергии, хронични заболувања, итн.).
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Бесплатен паркинг