Wonder Супер Распуст е летен камп од едукативен карактер наменет за деца на возраст од 8 – 14 години. Летната програма на Вондер Камп им помага на децата да станат одговорни, независни, самоуверени и мотивирани за понатамошни успеси во училиштето и животот. На кампот учиме преку 4К – алатки кои влијаат на карактерот на децата: Комуникација, Кооперација, Критично размислување и Креативност.
25.06 - 30.06
30.06 - 05.07
05.07 - 10.07
Охрид, Македонија
Сместувањето е во Хотел Десарет во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило.
15.690 ден
Вклучена во цената
до пополнување на места
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во хотел Десарет 4* со три оброка на ден. Сместувањето е во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило. Хотелот нуди одлична логистика, и уредени плажи, спортски игралишта за рекреација и спортување. За групи, клубови, тимови со повеќе од 20 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за тренерите и инструкторите.
Цената вклучува:
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Вештини за доживотен успех - 5 алатки за 5 дена
1. Градење на карактер
Ги учиме децата да се однесуваат со интегритет, да се искрени и автентични
2. Самодоверба
Да веруваат во своите способности и да ја променат негативната перцепција за себе.
3. Комуникација
Да комуницираат на позитивен начин, да бидат одговорни и директни во интеракцијата, да избегнуваат оговарање и негативни конверзации додека учат да бидат внимателни слушатели.
4. Креативно размислување
Ги учиме да пристапат кон секојдневните предизвици со нови модерни вештини за креативно размислување.
5. Менаџирање со времето
Ја демонстрираме вредноста на времето и ги учиме како да ги поставуваат приоритетите.
Програмата може да биде прилагодена согласно потребите на групата.
Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 05-ти јуни 2024.
Сите деца ќе уживаат во погледот од најатрактивните места по Охридското Езеро. Патувањето е проследено со лиценциран водич, кој на интересен начин ќе ги претстави сите интересни детали за Охрид и Охридското Езеро.