Банско е еден од најпознатите зимски центри на Балканот, кој нуди современи скијачки патеки, безбедна инфраструктура и прекрасно планинско опкружување. Оваа дестинација е идеална за тинејџерите кои сакаат комбинација од спорт, забава и дружење.
Специјално креиран детски камп за деца на возраст од 7 до 15 години, кој нуди богата, забавна и едукативна програма со фокус на скијање, дружба и незаборавни зимски искуства. Нашата мисија е секое дете да го помине својот зимски распуст на најубав можен начин – во безбедна, весела и мотивирачка средина, опкружено со нови пријатели и под постојан надзор на искусен и посветен тим.
Кампот се одржува во еден од најубавите зимски центри на Балканот – Банско, кој нуди одлични услови за скијање, модерни скијачки патеки и врвна инфраструктура. Децата се сместени во Hotel Mountain paradise by the Walnut Trees 4*, со удобни соби и сите потребни содржини за пријатен престој. Хотелoт се одбрани според највисоки стандарди на безбедност и хигиена, и секогаш во близина на ски-станицата.
Нашата програма е внимателно осмислена за да одговара и на:
Секој ден вклучува скијачки часови со лиценцирани инструктори, кои имаат долгогодишно искуство во работа со деца. Групите се мали за да се обезбеди максимално внимание на секој учесник. (За да ја разгледате целосната програма, кликнете на полето "програма")
Wonder Супер Распуст не е само скијање – тоа е комбинација од спорт, дружба и креативни активности.
Вечерите се резервирани за: игри и тимски натпревари, креативни работилници, караоке вечери, маскенбал, тематски забави во хотелот. Овие активности помагаат децата да се отворат, да стекнат самодоверба, да развијат нови пријателства и да научат да работат во тим.
Учеството на вашето дете на Wonder Супер Распуст значи:
13.01 - 17.01.2026
Банско - Бугарија
Хотел Mountain paradise by the Walnut Trees 4*
Во најава
Вклучено во цената
25.12.2025
Цената вклучува:
Во современото општество, кога родителите се соочуваат со сè побрзо секојдневие и се повеќе бараат активности што ќе им помогнат на децата да развиваат нови вештини и социјални односи, детските кампови стануваат сè попопуларен избор. Но, и покрај тоа што забава, учење и авантура се клучни аспекти на секој камп, безбедноста секогаш мора да биде највисок приоритет.
Првиот чекор во обезбедување безбеден камп е избор на соодветна локација. Камповите треба да се наоѓаат во безбедна околина, далеку од сообраќаен метеж, опасни терени или индустриски зони. Објектите мора да бидат регуларно проверувани, да поседуваат основна противпожарна и прва помош опрема, како и јасно означени излези за евакуација.
Покрај тоа, активностите во кампот – било да се работи за спорт, водени активности или планинарење – мора да бидат внимателно надгледувани од обучени инструктори со познавање од безбедносни процедури.
Психолошката сигурност е исто така клучна. Децата треба да се чувствуваат безбедно, поддржано и охрабрено да се изразат без страв од осуда или исмејување. Обуката на персоналот треба да вклучува препознавање на знаци на анксиозност, стрес или булинг, како и техники за креирање пријателска и инклузивна атмосфера.
Обезбедување квалитетна обука за тимот е суштински елемент во секој успешен камп. Одговорните лица мора да имаат:
Завршено основно ниво на прва помош и CPR обука,
Обука за работа со деца,
Познавање на психолошка прва помош и основи на детска психологија.
Секој камп треба да има јасна политика за реагирање во итни ситуации, комуникација со родителите и евиденција на медицинските потреби на секое дете (алергии, хронични заболувања, итн.).
На Wonder Зимскиот Камп во Банско, секој момент е осмислен за да им помогне на децата не само да уживаат, туку и да растат – физички, емоционално и социјално.
Секојдневните часови со лиценцирани инструктори не се само вежбање – тие учат на упорност, концентрација и поставување цели. Мали групи значат поголемо внимание и брз напредок.
Нашата програма е внимателно избалансирана со активности кои влијаат на различни аспекти од развојот на детето: