Италија е една од најубавите земји во Европа. Магијата на секој град, различната култура, музиката, храната и уште многу прекрасни работи ја прави Италија топ светска дестинација. Овозможете им на Вашите деца да искусат нешто ново, нешто прекрасно, овозможете им лето кое ќе го паметат засекогаш. Јуниор кампот во Италија е наменет за деца од 12 до 15 години. Тимот на Вондер им овозможува на децата незаборавно и добро исполнето време полно со активности и многу забава. Покрај посетата на природните богатства и културните наследства за време на кампот овозможуваме и многу друштвени игри: игри на плажа (водени лудории, одбојка , фудбал), забавни квизови во тимови за децата (каде ке им помогнеме да научат да работат тимски.
23.06.2026 - 30.06.2026
Италија (Лидо Ди Јесоло)
Хотел Арбореа
499 еур. рана уплата (до 20.03.2026)
редовна цена 549 еур. (по 20.03.2026)
Туристичка такса: 2 еврa по лице по ден
до пополнување на места
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Важна напомена:
Активностите на овој летен камп ги предизвикува децата да излезат од својата комфорна зона и да превземат акција. Тие учат како да се поврзат со другите, од другари до фамилија и наставници – и многу набрзо осознаваат кои се тие всушност и кои сакаат да бидат.
Секојдневните активности, забави и уникатната програма на кампот се организирани од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање. Дозволете да им помогнеме на вашите деца да го добијат и искусат најубавото време поминато во Италија каде што ке им помогнеме да го постигнат својот потенцијал и воедно да стекнат многу другарства кои нема да ги заборават.
Посетуваме повеќе локации како: Венеција, Плитвички Езера, Потојна Јама и на сите места кои ги посетуваме ќе има придружници, професори, водичи, доктори кои ќе бидат достапни на децата во текот на целиот камп.
Поаѓање
Пристигнување претпладнето во Постојна Јама , посета и продолжување кон Лидо каде што би се започнало со ручек
Појадок
Утрински забавни активности
Слободно време и прошетка низ Лидо Ди Јесеоло
Ручек
Пауза во соби
Спортско забавни активности
Средување во соби и припрема за вечера
Вечера
Кино
доручек
Венеција - прошетка низ Венеција
Пристигнување во хотел и припрема за вечера
Вечера
Појадок
Игри на плажа
Ручек
Одмор
Друштвени игри (квиз)
Вечера
Појадок
Игри на плажа
Ручек
Шопинг
Вечера
Одјава и продолжување кон Плитвички Езера
Пристигнување и едукативна прошетка на Плитвички Езера
Пристигнување во Македонија.
Доколку се регистрирате електронски ќе добиете известување / потврда по е-маил за вашата регистрација.
Програмата може да биде прилагодена согласно потребите на групата.
Градот на Марко Поло и Вивалди, градот на маските, градот на вода е една од најатратктивните светски и посакувани дестинации. Едно доживување што децата долго ќе го паметат. (Трансфер до Венеција со брод, повратен билет на релација Пунто Сабиони до Венеција, водичи и лидери за цела група).
Една едукативна тура и незаборавно искуство низ прекрасните тунели на магичната пештера Постојна Јама. (Влезница и водич за целата група).
Плитвички Езера се наоѓа во централниот дел од Хрватска и е најмногу познат по неверојатните природни знаменитости. Дури и по 60 години откако бил основан како национален парк, сè уште е голема инспирација за посетителите кои без разлика од каде доаѓаат, не пропуштаат да го посетат
Превозот е со високо туристички автобус и е организиран од страна на кампот. Превозот од Скопје до Чесенатико е вклучен во цената.
Слободен паркинг
Со предходна најава и барање организаторот може да обезбеди превоз од Аеродром и обратно.