Јазичниот камп по германски јазик се одржува во Австрија, во близина на Салзбург, во хотел Јозеф – локација специјално прилагодена за едукативни и младински програми. Ова не е класичен школски курс, туку целосно јазично искуство, каде децата го учат германскиот јазик преку реални ситуации, интеракција и секојдневна комуникација.
Хотелот Јозеф (идеално место за учење и дружење) редовно е домаќин на школски групи и јазични кампови од: Австрија, Германија, Швајцарија и други европски земји.
Тоа значи дека учесниците од Wonder Camp ќе бидат опкружени со врсници кои зборуваат германски јазик, што создава природна средина за практикување, запознавање и градење самодоверба во комуникацијата. Германскиот јазик не се учи само на час – тој се живее секој ден. Интерактивен пристап што дава резултати
Сите јазични активности и работилници се:
Децата учат како да:
Секоја работилница е уникатна, практична и осмислена така што децата несвесно учат, а истовремено се забавуваат.
30.06.2026 - 07.07.2026
Салзбург, Австрија
5 ноќевања во хотел Јозеф – полн пансион: доручек, ручек, вечера
599€ рана уплата (до 01.04.2026)
689€ редовна цена (по 01.04.2026)
2€ по лице / на ден
До пополнување на места
Цената вклучува:
- автобуски превоз Скопје- Австрија - Скопје
- 5 ноќевања во хотел Јозеф – чист, прилагоден за деца и групи, можност за многу спортски активности во склоп на хотелот / кампот
- полн пансион: доручек, ручек, вечера
- уникатна едукативно-камп програма за Австрија
- маица за секој учесник
- награди за најактивните и најкреативните учесници
- професори по Германски Јазик и аниматори за време на целиот престој
Цената не вклучува:
- факултативни излети:
- Постојна Јама - 35 еур.
- посета на Салзбург - 35 еур.
- задолжително патнчко осигурување (се вади во агенција)
- индивидуални трошоци
Собирање на групата и поаѓање кон Австрија
Поаѓање кон Австрија и ноќно возење
Пристигнување во Постојна Јама (Словенија) и прошетка низ Постојна Јама со водич на Германски јазик
Продолжување со патувањето кон Австрија
Пристигнвуање во хотел во Австрија и сместување во хотел
Ручек
Ориентациска средба запознавање со околината, правилата и програмата на кампот
Вечера
Појадок
Интензивен курс по германски јазик (по групи според ниво)
Пауза
Тематски работилници: „German in Real Life“ (комуникација во секојдневни ситуации)
Ручек
German Only Time – организирана комуникација исклучиво на германски јазик
Вечера
Вечерна активност: Quiz Night на германски јазик
Појадок
Интензивен курс по германски јазик (граматика и говор)
Креативни работилници и role-play активности
Ручек
Тимска проектна работа: подготовка на презентации и кратки видеа на германски јазик
Вечера
Movie Night – филм со германски титлови и дискусија
Појадок
Посета на Салзбург со интерактивен пристап: - City Challenge: задачи во мали групи (прашања до локалци, ориентација, културни точки) - Работилници на отворено за подобро запознавање со градот и културата - Слободно време под надзор на аниматори
Вечера
Вечерна рефлексија и разговор на германски јазик
Појадок
Подготовка за финални презентации
Ручек
Презентација на проектите од страна на учесниците (на германски јазик)
Доделување интерни сертификати и признанија
Вечера
Завршна вечерна забава (Talent Show)
Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Виена
Последна интерактивна работилница со задачи и разглед на Виена (секојдневни ситуации)
Организирано разгледување и кратка пауза
Поаѓање кон Македонија
Пристигнување во Македонија во утринските часови
Постојна Јама е една од најпознатите и најимпресивни пештери во Европа, сместена во Словенија, позната по своите спектакуларни сталактити и сталагмити и уникатното подземно царство. Посетата започнува со возење со мал подземен воз низ дел од пештерата, по што следи прошетка со локален водич кој ги открива најинтересните природни форми и приказни за нејзиното создавање. Со константна температура од околу 10°C во текот на целата година, Постојна Јама нуди незаборавно едукативно и авантуристичко искуство – идеално како факултативна екскурзија што комбинира природа, историја и вистинска подземна магија
Посета на Салзбург – градот на Моцарт, барокната архитектура и алпскиот шарм. Прошетката започнува низ стариот град (Altstadt), кој е под заштита на UNESCO, со можност да се видат катедралата, плоштадот Резиденцплац и познатата улица Гетрејдегасе. Салзбург воодушевува со својата елегантна атмосфера, прекрасни панорами кон тврдината Хоензалцбург и уникатна комбинација од култура, историја и австриска традиција – идеална станица за инспиративна и едукативна факултативна екскурзија.
Во современото општество, кога родителите се соочуваат со сè побрзо секојдневие и се повеќе бараат активности што ќе им помогнат на децата да развиваат нови вештини и социјални односи, детските кампови стануваат сè попопуларен избор. Но, и покрај тоа што забава, учење и авантура се клучни аспекти на секој камп, безбедноста секогаш мора да биде највисок приоритет.
Првиот чекор во обезбедување безбеден камп е избор на соодветна локација. Камповите треба да се наоѓаат во безбедна околина, далеку од сообраќаен метеж, опасни терени или индустриски зони. Објектите мора да бидат регуларно проверувани, да поседуваат основна противпожарна и прва помош опрема, како и јасно означени излези за евакуација.
Покрај тоа, активностите во кампот – било да се работи за спорт, водени активности или планинарење – мора да бидат внимателно надгледувани од обучени инструктори со познавање од безбедносни процедури.
Психолошката сигурност е исто така клучна. Децата треба да се чувствуваат безбедно, поддржано и охрабрено да се изразат без страв од осуда или исмејување. Обуката на персоналот треба да вклучува препознавање на знаци на анксиозност, стрес или булинг, како и техники за креирање пријателска и инклузивна атмосфера.
Обезбедување квалитетна обука за тимот е суштински елемент во секој успешен камп. Одговорните лица мора да имаат:
Секој камп треба да има јасна политика за реагирање во итни ситуации, комуникација со родителите и евиденција на медицинските потреби на секое дете (алергии, хронични заболувања, итн.).
Патуваме со високо туристички автобуси
Паркингот е бесплатен