Доживејте ја магијата на Будимпешта овој декември и препуштете се на незаборавна зимска авантура исполнета со празничен дух, нови познанства и врвна забава. Ова патување е совршена можност за млади, парови и друштва кои сакаат да ја истражат унгарската престолнина на поинаков начин. Заедно ќе ги откриеме најзначајните историски и културни знаменитости, вклучувајќи ги величествената Рибарска тврдина, импозантниот Парламент, Базиликата „Свети Стефан“ и познатиот мост „Ержебет“.
Ноќниот живот ќе го подигнеме на сосема ново ниво со возбудливи журки, меѓу кои посебно се издвојува спектакуларното крстарење на Дунав. Со добро друштво, добра музика и неаборавна забава на бродот , ќе уживате во магичниот поглед кон комплетно осветлениот раскошен град!
Резервирајте го вашето место на време и станете дел од едно незаборавно и уникатно искуство во Будимпешта!
05.12-08.12.2026
Будимпешта, Унгарија
Хотел со 3*
Во најава!
17.11.2026
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Поаѓање од Скопје Патување преку Србија со попатни паузи за одмор и освежување. Ноќно возење.
Пристигнување во Будимпешта во раните часови и одмор
Сместување во хотел
одмор и припрема за прошетка низ Будимпешта
Крстарење со брод по Дунав и вечерна журка на брод!
Појадок
Факултативна посета на живописното градче Сент Андреа, познато по музеите, кафулињата и уличките со уникатни ракотворби и сувенири. Враќање во Будимпешта.
Попладне – Aqua World Budapest (еден од најголемите затворени аква паркови во Европа) – идеален избор за млади, музика и забава. Алтернатива: Посета на божиќен базар и слободно време во центарот на градот.
Вечерна журка во ноќен клуб
Појадок
Поагање кон Белград и Прошетка низ Калемегдан и Кнез Михајлова
Поагање кон Македонија
Пристигнвуање во Македонија во доцните часови