banner-image

Патувајте Безбедно со Вондер Камп!

featured-image

Здраво кампери,

Знаеме дека едвај чекате да излезете и да го истражувате светот штом ќе биде сигурно, и сакаме да ве увериме дека НИЕ работевме напорно за да ВИЕ бидете смирени и безбедни кога ќе дојде времето да тргнете на вашата следна летна авантура.

Тоа е она време од годината ... време кога најчесто почнувате да ги пратите постовите за најдобите летни дестинации кои треба да ги посетите во 2021. Но оваа година изгледа сосема поинаку. Затоа наместо да се прашувате КАДЕ ќе патувате ова лето, одвојте момент и размислете КАКО ќе патуваме. Светот се менува, па така се менуваат и трендовите на летните кампови.

Нашите нови протоколи за безбедно патување се имплементирани со цел да ви помогнат да се чувствувате сигурно и да останете здрави во текот на вашето летно патување од соништата. Освен тоа, Вондер Камп го доби печатот за безбедно патување издаден од Светскиот Совет за Патување и Туризам, со што потврдуваме дека ги имаме усвоено глобалните стандардизирани протоколи за здравје и хигиена. Погледнете ги и ќе патуваме повторно заедно!

Протоколи за безбедност и здравје

Социјална дистанца

Ќе посетуваме дестинации каде има помалку гужва и ќе обезбедиме можност за користење на еднокреветна соба за камперите кои нема да сакаат да делат соба.

Санитарни услови на сместувачките капацитети

Ги ревидираме сите хотели и апартмани со кои работиме, и од нив бараме да ги почитуваат и да ни ги објаснат протоколите за чистење и санитарните услови.

Избрани ресторани

Доколку посетуваме ресторан, секоја група ќе добие своја одделна маса.

Избрани партнери за логистика

Имаме долгорочна соработка со нашите партнери и сите тие се придржуваат до заштитните мерки и ги почитуваат нашите протоколи за безбедно патување.

Вондер СУПЕР Тим

Здравјето на нашите кампери е наш приоритет!. Тимот на Вондер ќе обезбеди средства за дезинфекција на рацете, резервни маски и ќе води сметка туристичките дестинации да се посетуваат во време кога има најмалку гужва.

Едвај чекаме на уште една незаборавна авантура. Камповите за 2021 се спремни и истите се објавени на нашата веб страна во секцијата КАМПОВИ.

Еден одмор - милион спомени!

Се гледаме наскоро!