fbpx

Често поставувани прашања

Зошто Wonder Camp?

  • Wonder Sport Camp е одлична можност за сите оние кои сакаат да патуваат, да се рекреираат, да другаруваат и да спортуваат. Концептот на работа замислен од страна на тимот на WSC е насочен на извршување на забавни активности, што овозможува заборавање на технологија, а комплетно посветување на забавата, другарувањето и спортот. Безбедноста за Вашите деца е наш најголем приоритет. Нашите лидери се грижат за Вашите деца 24/7. За тинејџерите кога е организирана забава или дискотека наш лидер ги прати во текот на целата вечер.

Дали треба да се уплати целата сума при аплицирањето?

  • Целосната сума за аплицирањето може, но и не мора да биде уплатена. 30% од целата сума треба да биде уплатено на почетокот со самата апликација,со цел апликацијата да биде валидна, додека останатата сума може да биде уплатена на неколку месечни рати. Целосната сума треба да биде исплатена најдоцна 15 дена до пред тргнување.

Како да аплицираме за кампот?

  • За аплицирање на кампот потребно е да се пополни електронска пријава која може да ја најдете на нашата веб страна.

Дали има доктор на кампот?

  • Доктор на кампот има достапен 24 часа.

На колку деца има еден одговорен лидер?

  • На околу 10 – 15 деца има одговорен лидер.

Што ако детето е алергично на храна или одредени лекови?

– Доколку детето е алергично на храна или лекови ЗАДОЛЖИТЕЛНО да најави кај организаторот.

Што ако моето дете е вегетаријанец или веган ?

  • Во тој случај треба да најавите пред поаѓање и храната се послужува според потребите на Вашето дете.

Како ќе комуницираме со нашето дете ?

  • Секогаш на нашите социјални мрежи објавуваме дел од активностите и како оди целото патување. Пожелно е Вашите деца да ги контактирате навечер во период од 19.00 до 19.30 Во случај да не може да ги добиете од било која причина, секогаш ќе имате контакт од лидерите кој ќе ви бидат достапни за време на целото патување.

Што треба да понесеме за на камп?

  • Штом ќе се регистрирате за некој од нашите кампови, нашиот тим ќе ве контактира. Секогаш целосна листа со детали околу патувањето се испраќа 20 дена пред поаѓање.

Дали повеќето деца се пријавуваат сами или со друштво ?

  • Секогаш е различно. Имаме деца што се пријавувале сами и стекнале одлични другари/ки што се дружат и понатаму, сме имале и помали и поголеми друштва пријавени на камповите. Секогаш децата ги распределуваме според возраст и гарантираме незаборавни денови со нас.

Ни треба виза што треба да направиме?

– Слободно контактирајте го нашиот тим за да ви помогне во процедурата