Париз

Париз, Франција
27 October, 2019 - 31 October, 2019

539€ / по особа

Париз – Градот на светлината и гламурот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел од Франција и е еден од најнаселените градови во Европа со над 12 милиони жители покрај Москва и Лондон.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ во прекрасниот свет на
спортот & активен ОДМОР

Wonder Sport Camp ве носи на едно поинакво и незаборавно патување во магичниот Париз.

Програма на патувањето:
Авион / 5 дена / 4 ноќевања
Датум: 27.10.2019 до 31.10.2019

27.10 – Недела
Состанок со групата на аеродромот во Скопје во 15:30ч. Поаѓање со авион од Скопје во 17:40ч. со директен лет на компанијата WizzAir, пристигнување во Париз околу 20:40ч. Трансфер до хотелот, сместување во хотел. Ноќевање.

28.10 – Понеделник
Појадок. После појадокот поаѓаме на целодневна прошетка низ Париз (три часовен панорамски разглед на Париз со локален водич). Посета на музејот Лувр, Елисејските полиња, познатата улица Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро, Ајфелова кула, латинскиот кварт, Богородичната црква (Катедралата Нотр Дам). Слободно време за ручек. Во вечерните часови препорачуваме крстарење со брод по Сена. Врајќање во хотел. Ноќевање.

29.10 – Вторник
Појадок. Факултативна посета на Дизниленд. Дојдете и уживајте во магичната бајка Дизниленд каде ќе имате можност да ги запознаете историските Mickey & Minnie Mouse да појдете на кафе со Снежана, Ариел, Елза и Ана, да се поздравите со Аладин, да уживате и танцувате на неверојатната парада со сите дизни ликови.
Дизниленд – магично несекојдневно искуство за целото семејство!

30.10 – Среда
Париз Ролекс Мастерс. После појадокот поаѓаме за Accor Arena каде ќе го следиме деветтиот и финален АТП мастерс турнир 1000 за сезоната 2019. Уникатна можност да ги видите на едно место тениските великани како Федерер, Ѓоковиќ, Надал, Зверев и др.

31.10 – Четврток
Појадок. По појадокот можност за факултативна полудневна посета на дворецот Версај или слободно време за посета на Латинскиот кварт и Катедралата Нотр Дам или посета на Монмартр и Базиликата Sacre Cour. Можност за индивидуални активности и шопинг. Организиран превоз од хотелот до аеродром. Полетување на Скопје во доцните вечерни часови.

Во цената е вклучено:

  • 4 ноќевања ВВ (ноќевање со појадок) во 3* хотел
  • Авио вилет (Скопје – Париз – Скопје)
  • Рачен багаж со (димензии 40х30х20 cm) мах до 10 кг.
  • Трансфер во Париз (Аеродром – Хотел – Аеродром)
  • Придружник на патувањето
  • Целодневен билет за Париз Мастерс 1000 на 30.10
  • Разглед на Париз со водич.

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси 60ЕУ
  • Туристичка такса во хотел (1,2ЕУ по ден/лице)
  • Факултативни екскурзии
  • Јавен превоз со метро
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување

Напомена:

  • За патувањето потребно е валиден пасош – мин 120 дена од денот на враќањето
  • За резервација е потребна уплата аванс 30% од вкупниот износ
  • За релација на патувањето е потребно мин 25 патници
  • За овај аранжман важат општите услови на патување на Холијеј Травел

Аплицирај те

Participant Info
Информации за родителот

    Вашата апликација беше успешно испратена