Италија летен камп

Cesenatico, Италија
08 July, 2019 - 19 July, 2019

515€ / по особа

Италија е една од најубавите земји во Европа. Нашиот тим ви овозмоува да ги посетите најатрактивните дестинации и едни од најпосетуваните туристички места. Кампот ќе се одржи во Чесенатико, Италија кој е еден прекрасен антички и модерен град на Јадранот. Нешто што ќе забележите веднаш е каналот кој го дизајнирал Леонардо да Винчи. Прекрасно мало место со одлична плажа во кое ќе се заљубите на прв поглед.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ во прекрасниот свет на
спортот & активен ОДМОР

Wonder Sport Camp е вистинскиот избор за активните луѓе. Ви нудиме совршен спој за активен спортски одмор под сонцето. Во Wonder Sport Camp се се врти околу спортот, вежбањето и многуте активности во понудата ќе ви го разубават прекрасното патување. Не треба да сте добри во спорт или во одлична кондиција – само треба да сакате да ни се приклучите. Ви гарантираме незаборавни иксуства, на терен, на плажа или каде и да одберете да уживате во најдобриот активен спортски одмор.

Општи Правила:
Секојдневните активности на кампот се организираат од страна на нашиот тим. Забавниот дел од програмата им дава можност на сите кампери да се релаксираат, уживаат, да стекнуваат нови пријателства, да стекнат поголема самодоверба и да работат на подобрување на своите јазични вештини.

Летниот спортски камп ви нуди можност да пробате многу нови активности и да напредувате во разни спортови како пливање, фудбал,кошарка, зумба, одбојка на плажа и многу други активности.

Активности на Кампот:

  • Турнир во одбојка на плажа
  • Кошарка, Фудбал
  • Забава на плажа
  • Мал маратон во трчање
  • Караоке
  • Водени лудории (Wipeout)
  • Потрага по богатство

Активонсти надвор од кампот:
Факултативни екскурзии:

    • Разглед на Рим (Фонтана ди Треви, Колосеум, Ватикан, Пантеон Шпанските скали итн..)
    • Посета на Фиренца и нејзините знаменитости
    • Посета на Постојна Јама
    • Дискотека во Рим
    • Знаменитости и музеи во Чесенатико

Кампот е наменет за поединци, групи, тимови и спортски клубови за сите нивоа: од почетници до професионалци кои имаат желба да напредуваат и да ја подигнат својата игра на повисоко ниво.

Сместување:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во камп на прв ред од плажа.
Сместувањето е во 4/5/6 креветни соби со сопствено купатило. За групи, клубови, тимови со повеќе од 25 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за возачите и тренерите.

Внимание: Според законот на Италија, туристичка такса се плаќа за првите 7 дена од престојувањето во кампот и плаќањето се прави директно во кампот.
0.5 ЕУР по лице од ден (само за гости постари од 14 год.)

Начин на плаќање:

Партиципација за кампот: Период 08/07 – 19/07/2019 = 515 Еур
Во цената е вклучен автобускиот превоз.
30% депозит е потребно да се уплати со цел резервацијата да биде валидна.

Цената вклучува сместување во кампот за 6 ноќевања на база полн пансион, појадок – ручек – вечера, превоз, ДВЕ ноќевања со појадок во Рим и ЕДНО ноќевање со појадок во Фиренца и трошоци за организација, спортска опрема, програма со спортски и забавни активности, учество на турнирот по одбојка на плажа и професионални тренери.

Учете Англиски или Италијански јазик со Wonder Camp !!!

Англиски и италијански јазик за сите возрасти и нивоа. Од А1 до Ц2
Програмата е динамична, интерактивна и внимателно избрана да соодветствува на возраста на учесниците. Успешно и брзо напредување во изучувањето на јазикот и неговата примена.

Секој учесник одбира јазик (Англиски или Италијански)
Тестирање на нивото на јазикот според заедничка Европска рамка
3 часа секој ден (6 денови)
Прекрасен простор во кампот наменет за Англиски и Италијански Јазик
Одлична забавна и интерактивна програма по најнови методи
Подобрување на вокабуларот и флуентноста преку говорење на колоквијален и секојдневен англиски јазик и италијански јазик
Групата на курсот ќе ги има сите дневни активности на Англиски или Италијански Јазик
Сите учесници ќе бидат распоредени по возраст, искуство, но од различни држави
На крај секој кампер ќе добие сертификат за посета на курсот

Курсот на летниот камп НЕ е задолжителен и секој учесник може да избере дали ќе го посетува или не.
Часовите ги водат дипломирани професори по Англиски и Италијански јазик на УКИМ, со искуство во работа со основци, средношколци и студенти, воедно и овластени судски преведувач од Англиски и Италијански Јазик на Македонски и обратно.

Цена за јазичниот курс – 90 ЕУР.

Опрема и Облека:
Учесниците мора да бидат облечени во лесна спортска облека соодветна за активностите
За секој учесник има обезбедено маичка

Осигурување и безбедност:
Секој кампер мора да поседува валидно здравствено осигурување кое покрива секаков вид на незгода. Доктор е достапен 24 часа.

Нашиот искусен тим на тренери ви стои на располагање за времетраење на кампот и ќе ви помогне да го поминете најдобриот одмор досега .

Транспорт:
Wonder Sport Camp организира автобуски превоз за патувањето во Италија.
Автобуски превоз до кампот во Италија ќе се организира доколку има минимум 30 кампери и ќе вклучува попатни посети на атрактивни локации.

Услови за Откажување:

– За откажување до 30 денови пред тргнувањето ќе биде вратен целиот износ што до тогаш е уплатен и ќе бидат задржани само 20 евра административни трошоци по учесник.

– за откажување до 20 денови пред тргнувањето ќе ви бидат вратени 50% од целиот износ.

-нема да има повраток на средства доколку учесникот на кампот не се појави, го откаже учеството 20 или помалку денови пред тргнување, за неискористени денови или доколку дојде до исклучување на некој од учесниците поради непочитување на правилата на кампот.

Програма на патувањето со автобуски превоз:
1 Ден – 08.07 – Македонија
12.00 Состанок со групата во Скопје.
Поаѓање кон Игуменица, Грција. Вечерта пристигнуваме во Игуменица каде што со Фериброд патуваме за Бари, Италија. Цена на Фериброд 28 Еур.
• Доколку се испочитува минималниот број на патници, организаторот ќе организира поаѓање и од други градови од Македонија.
2 Ден – 09.07 –  Бари – Неапол – Рим
Пристигнување предпладне во Бриндизи
Поаѓаме кон Неапол. Околу пладне сме во Неапол и краток разглед на градот. Поаѓаме кон Рим. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел и вечерен разглед на градот.
3 Ден – 10.07 – Рим
Појадок и целодневен разглед на Рим. Колосеум, Пантеон, Ватикан, Фонтана ди Треви итн. Враќање во хотел и посета на дискотека во Рим. Ноќевање.
4 Ден – 11.07- Рим – Фиренца
Појадок и поаѓање за Фиренца. Сместување во хотел и разглед на градот. Ноќевање.
5 Ден –12.07 – Фиренца
Појадок и поаѓаме кон Пиза. Разглед на Пиза. Поаѓаме кон Чинкве Тере и кратка пауза и разглед. Поаѓаме кон Чесенатико. Сместување во вечерните часови. Вечера и ноќевање
5 до 11 Ден – Wonder Camp
Појадок, ручек, вечера.
Спортски и забавни активности согласно програмата исполнети со многу дружење со различни учесници од повеќе европски држави.
11 Ден 18.07 – Чесенатико – Словенија
Појадок и припрема за поаѓање кон Постојна Јама, Словенија. Посета и разглед на Постојна Јама. Поаѓаме кон Блед. Разглед на Блед. Поаѓаме кон БТЦ и ноќно возење кон Македонија
12 Ден 19.07
Пристигнување во Македонија околу пладне.

Како да се регистрирам ?

Пополнете ја апликацијата на нашата веб страна и испратете ја најдоцна до 15 ти Мај 2019 год.

1. За поединци: Копија од пасош да се испрати заедно со апликацијата.
2. За групи: Листа со име и презиме од сите учесници, датум на раѓање и број на пасош.

ОТКАКО ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРАТЕ: Ќе добиете известување по е-маил потврда за вашата регистрација. Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 30 ти Мај 2019.

Аплицирај те

Participant Info
Информации за родителот

    Вашата апликација беше успешно испратена