fbpx

Италија јуниор камп

Cesenatico, Италија
11 June, 2020 - 19 June, 2020
11 July, 2020 - 19 July, 2020

379€ / по особа

Италија е една од најубавите земји во Европа. Магијата на секој град, различната култура, музиката, храната и уште многу прекрасни работи ја прави Италија топ светска дестинација. Овозможете им на Вашите деца да искусат нешто ново, нешто прекрасно, овозможете им лето кое ќе го паметат засекогаш.

Јуниорскиот спортски и јазичен летен камп ќе се одржи во Чесенатико, Италија кој е прекрасен антички и модерен град на Јадранот. Кампот е од затворен тип на идеална локација за фантастичен одмор со огромни капацитети за фудбал, кошарка, одбојка и слични спортови.


Wonder Sport & Language Camp е летен камп од едукативен карактер наменет за деца на возраст од 9 – 14 години. Единствената работа која е потешка од одгледувањето тинејџер во денешно време е да се биде тинејџер. Летната програма на WS&LC им помага на децата да станат одговорни, независни, самоуверени и мотивирани за понатамошни успеси во училиштето и животот. На кампот учиме преку 4К: Комуникација, Кооперација, Критично размислување & Креативност – алатки кои влијаат на карактерот на децата.

 Изберете го најдоброто за Вашето дете

KAKO НИЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕМЕ?

  • Дали вашето дете работи напорно за да биде успешно?
  • Дали вашето дете покажува афинитети но не се одлучува да влезе во акција кон остварување на целите?
  • Дали вашето дете сака да спортува и да биде активно?
  • Дали мислите дека вашето дете треба да излезе од комфорната зона на светот на телефоните, таблетите, компјутерите и навистина да започне да комуницира?
  • Дали вашето дете е дружељубиво и креативно и лесно склопува пријателства?

 Камп број 1 за деца и тинејџери

повеќе од 10 год искуство, традиција, сигурност, и задоволни децa

Вештини за доживотен успех – 7 алатки за 7 дена

  • Градење на карактер Ги учиме децата да се однесуваат со интегритет, да се искрени и автентични.
  • Самодоверба Да веруваат во своите способности и да ја променат негативната перцепција за себе.
  • Комуникација Да комуницираат на позитивен начин, да бидат одговорни и директни во интеракцијата, да избегнуваат оговарање и негативни конверзации додека учат да бидат внимателни слушатели.
  • Решавање конфликти Ги учиме како брзо да решаваат конфликти без нарушување на односите.
  • Креативно размислување Ги учиме да пристапат кон секојдневните предизвици со нови модерни вештини за креативно размислување.
  • Менаџирање со времето Ја демонстрираме вредноста на времето и ги учиме како да ги поставуваат приоритетите.
  • Поставување цели Им даваме насоки како да развијат план кој ќе ги мотивира и води кон остварување на целите.

 

Активности на Кампот:

  • Учење италијански и англиски на забавен начин
  • Одбојка на плажа, кошарка, пливање, фудбал и други спортски активности
  • Забава и игри на плажа (Водени лудории)
  • Вечерни активности (Караоке, Кино, Квиз)
  • Потрага по богатство
  • Креативни работилници (цртање, фотографирање, крафтинг)

 

Активностите на овој летен камп ги предизвикува децата да излезат од својата комфорна зона и да превземат акција. Тие учат како да се поврзат со другите, од другари до фамилија и наставници – и многу набрзо осознаваат кои се тие всушност и кои сакаат да бидат.

Сместување:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во камп од затворен тип кој се наоѓа на сама плажа. Сместувањето е во 4/5/6 креветни соби со сопствено купатило. За групи и тимови со повеќе од 25 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за возачите и тренерите.

Начин на плаќање:

 Партиципација за кампот:            Период 11/06 – 19/06/2020 = 379 ЕУР по лице  
                                                               
Период 11/07 – 19/07/2020 = 389 ЕУР по лице  

 

*Факултативни екскурзии:

  • Венеција – Градот на Марко Поло и Вивалди, градот на маските, градот на вода е една од најатратктивните светски и посакувани дестинации. Едно доживување што децата долго ќе го паметат. ЦЕНА: 20 еур. (Трансфер до Венеција со брод, повратен билет на релација Пунто Сабиони до Венеција, водичи и лидери за цела група)
  • Постојна Јама – Една едукативна тура и незаборавно искуство низ прекрасните тунели на магичната пештера Постојна Јама. ЦЕНА: 25 еур. (Влезница и водич за целата група)

Опрема и Облека:

  • Учесниците мора да бидат облечени во лесна спортска облека соодветна за активностите
  • За секој учесник има обезбедено маичка

Осигурување и безбедност

Секој кампер мора да поседува валидно здравствено осигурување кое покрива секаков вид на незгода. Доктор е достапен 24 часа.
Уште од самиот старт нашиот искусен тим се грижи за безбедноста и сигурноста на вашите деца.

Транспорт:

Wonder Sport Camp организира автобуски превоз за патувањето во Италија доколку има минимум 30 кампери и ќе вклучува попатни посети на атрактивни локации.

Програма на патувањето со автобуски превоз:

1 Ден – 11.06 – Македонија

12.00 Состанок со групата во Скопје.

Поаѓање кон Италија преку: Белград, Загреб, Венеција – Чесенатико. Доколку се испочитува минималниот број на патници, организаторот ќе организира поаѓање и од други градови од Македонија.

2 Ден – 12.06 –  Венеција

Пристигнување во Венеција околу 08.00 ч. Разглед на Венеција до 12.ч и поаѓање кон Чесенатико. Сместување, ручек и одмор во соби. Вечерен состанок и објаснување на правилата на кампот.

2 до 8 ден  Wonder Camp / Еден типичен ден на кампот

07.30 Будење

08.00 – 08.30 – Појадок

08.30 – 12.30 – Утрински активности

– Поздрав (химна на кампот) и утрински забавни активности

– Плажа и пливање

– Друштвени игри на плажа за градење на лидерство, самодоверба итн..

12.30 – 13.00 – Кратка пауза и припрема за ручек

13.00 – 13.30 – Ручек

13.30 – 15.00 – Попладневни креативни активности

– крафтинг, фотографирање, цртање, основа на Италијански јазик, решавање проблеми, менаџирање со време и поставување на цели итн..

15.00 – 16.00 – Задолжителна пауза во соба, одмор и припрема за активности

16.00 – 19.00 – Спортски и тимски активности

– Фудбал, Одбојка на плажа, кошарка, тимски игри

19.00 – 19.30 – Вечера

19.30 – 22.00 – Вечерни активности

– Кино, караоке, едукативни и забавни активности, квизови

22.00 – 22.30 – Припрема за спиење – проверка на сите кампери

Ова е пример за дневна програма. Програмата може да се променува различно со секоја група и според потребите на групата.

 8 ден – 18.06- Чесенатико – Постојна Јама

Појадок и поаѓање кон Словенија – Постојна Јама. Влез, разглед и припрема за вечерно патување.

9 ден – 19.06

Пристигнување во Македонија пред пладне.

РЕГИСТРИРАЈ СЕ !!!

 ОТКАКО ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРАТЕ: Ќе добиете известување по е-маил потврда за вашата регистрација. Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 1 ви Jуни 2020.

Аплицирајте

Participant Info
Информации за родителот

    Вашата апликација беше успешно испратена