Банско зимски камп

Банско, Бугарија
11 January, 2019 - 17 January, 2019

215€ / по особа

Банско е најдобриот зимски центар во Бугарија со најдолги скијачки стази и богата културна историја. Градот е сместен во подножјето на Пирин планина, 160 км југо-западно од Софија и нуди прекрасни услови за спорт и туризам. Спортските збиднувања како и многуте културни манифестации во Банско овозможуваат пријатен престој на гостите во текот на целата година. Новите и модерни хотели заедно со искусниот тим на Wonder Camp се спремни да ви го овозможат најубавиот и најзабавниот зимски одмор до сега.

Wonder Sport Camp е наменет за деца, млади луѓе, родители, групи кои што сакаат да водат активен и здрав живот.
Зошто Wonder Sport Camp?

– Одлична можност за камперите да спортуваат, се забавуваат и стекнат нови пријателства
Скијањето во Банско е несекојдневно искуство!
Еден одмор – милион спомени!

Општи Правила:
Секојдневните активности на кампот се организираат од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Одличната програма им дава можност на сите учесници да се едуцираат, забавуваат, релаксираат и да уживаат во сите активности.

Активности на Кампот:

  • Забавни активности
  • Едукативни активности
  • Спортски активности
  • Изненадување за сите учесници
  • Вечерни забави за повозрасните

Услови за учество:
Кампот е наменет за поединци, групи, тимови и спортски клубови за сите нивоа: од почетници до професионалци кои имаат желба да напредуваат и да ја подигнат својата форма на повисоко ниво.

Од Камперите се очекува да се однесуваат пристојно кон сите учесници на кампот како и кон тренерите и организаторите.

Сместување:
Учесниците ќе бидат сместени во хотел со 4* кој се наоѓа во срцето на Банско. Хотелите се супер модерни, комфорни и одлични за одмор и релаксација. Сместувањето на камперите ќе биде во едноспални апартмани (4 деца) и двоспални апартмани (6 деца).

Капацитет: SPA Центар (затворен базен сауна, турска бања, детски базен, џакузи), фитнес центар, јога и пилатес простории итн.

Плаќање и откажување на патувањето:

Партиципација за кампот: Период 11.01 – 17.01.2019 = 215 евра по лице
30% депозит е потребно да се уплати со цел резервацијата да биде валидна.

Цената ВКЛУЧУВА:

  • 6 ноќевања со 2 оброци дневно (појадок и вечера – шведска маса),
  • програма со едукативни и забавни активности,
  • ски инструктор за почетници
  • трансфер до гондола
  • SPA центар во рамките на хотелот
  • професионални тренери

Цената НЕ вклучува:

  • превоз до Банско и назад
  • ски карта
  • ски опрема

Плаќањето може да се изврши во готово најкасно до 10.11.2018. Секој учесник / спортски клуб треба да плати 30 % од сумата по потврдување на апликацијата.
Дозволено е и плаќање на неколку рати. Последната рата треба да се уплати најкасно до 10.12.2018

Патувањето може да се откаже најкасно до 10.12.2018 со што организаторот задржува 10% од сумата поради административни трошоци, останатата сума што е уплатена ќе биде целосно рефундирана. Доколку откажувањето се случи после наведениот датум организаторот го задржува целиот уплатен износ.

Опрема и облека:

– Ако не е поинаку наведено целата опрема е обезбедена од страна на организаторите
– Камперите мора да бидат облечени соодветно за време на активностите

Осигурување и безбедност:
Секој учесник мора да поседува валидно патничко осигурување кое покрива и дополниелни незгоди при скијање. Доктор е достапен 24 часа.

Нашиот искусен тим на лидери е достапен и е должен да води постојана грижа за сите учесници. Квалификувани спасувачи и тренери ќе ги придружуваат учесниците на скијачките патеки, на базен и во текот на сите нивни спортски активности.

НОВО во Wonder Camp !!!

Англиски јазик за сите возрасти и нивоа. Од А1 до Ц2
Програмата е динамична, интерактивна и внимателно избрана да соодветствува на возраста на учесниците. Успешно и брзо напредување во изучувањето на јазикот и неговата примена.

  • Тестирање на нивото на јазикот според заедничка Европска рамка
  • 2 часа секој ден (6 денови)
  • Прекрасен простор во хотелот наменет за Анг. Јазик
  • Одлична забавна и интерактивна програма по најнови методи
  • Подобрување на вокабуларот и флуентноста преку говорење на колоквијален и секојдневен англиски јазик
  • Групата на курост ќе ги има сите дневни активности на Англиски Јазик
    На крај секој кампер ќе добие сертификат за посета на курсот

Курсот на зимскиот камп НЕ е задолжителен и секој учесник може да избере дали ќе го посетува или не.
Часовите ги води дипломиран професор по Англиски јазик на УКИМ, со искуство во работа со основци, средношколци и студенти, воедно и овластен судски преведувач од Англиски Јазик на Македонски и обратно.

Цена за Англискиот Курс – 65 евра.

Транспорт:
Превозот е 35 ЕУР повратен билет и е организиран од страна на кампот. Превозот не е вклучен во цената.

Услови за Откажување:

– За откажување до 30 денови пред тргнувањето ќе биде вратен целиот износ што до тогаш е уплатен и ќе бидат задржани само 20 евра административни трошоци по учесник.

– за откажување до 20 денови пред тргнувањето ќе ви бидат вратени 50% од целиот износ.

– нема да има повраток на средства доколку учесникот на кампот не се појави, го откаже учеството 20 или помалку денови пред тргнување, за неискористени денови или доколку дојде до исклучување на некој од учесниците поради непочитување на правилата на кампот.

Како да се регистрирам ?

Пополнете ја апликацијата на нашата веб страна и испратете ја најдоцна до 10 ти Ноември 2018 год.

1. За поединци: Копија од пасош да се испрати заедно со апликацијата.
2. За групи: Листа со име и презиме од сите учесници, датум на раѓање и број на пасош.

ОТКАКО ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРАТЕ: Доколку се регистрирате електронски ќе добиете известување / потврда по е-маил за вашата регистрација. Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 30 Ноември 2018.

Аплицирај те

Participant Info
Информации за родителот

    Вашата апликација беше успешно испратена