fbpx

Австрија зимски камп

Saalbach - Hinterglemm, Austria
03 January, 2021 - 12 January, 2021

TBA€ / по особа

Салбах – е едно од најелитните и најубави ски ресорти во Австрија, но и во светски рамки. Градчето се наоѓа во областа Салзбург и има неверојатни 300 км скијачки стази што е рај за љубителите на скијањето. Освен скијањето Салбах нуди и многу повеќе од тоа. Ноќно скијање, одлични ресторани, дискотеки, спортски центри и многу забавни активности со цел туристите да се чувствуваат прекрасно и да имаат зима за паметење. Одлично е тоа што воопшто и да не вие потребен превоз до ски стазите, бидеќи се веднаш до сместувањата. Бројните настани само ќе го збогатат Вашето доживување во Австрија. Ауди/БМВ тест драјв, концерти и голем број на изненадувања. Новите и модерни апартмански сместувања на Алпите заедно со искусниот тим на Wonder Camp се спремни да ви го овозможат најубавиот и најзабавниот зимски одмор до сега.


Wonder Sport Camp е наменет за деца, млади луѓе, родители, групи кои што сакаат да водат активен и здрав живот.

Зошто Wonder Sport Camp?

– Одлична можност за камперите да спортуваат, се забавуваат и стекнат нови пријателства

Скијањето во Австрија е несекојдневно искуство!
Еден одмор – милион спомени!

Општи Правила:

Секојдневните активности на кампот се организираат од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Одличната програма им дава можност на сите учесници да се едуцираат, забавуваат, релаксираат и да уживаат во сите активности.

Активности на Кампот:

  • Забавни активности
  • Едукативни активностии
  • Спортски активности
  • Изненадување за сите учесници
  • Вечерни забави за повозрасните
  • Ноќно скијање

Услови за учество:

Кампот е наменет за поединци, групи, тимови и спортски клубови за сите нивоа: од почетници до професионалци кои имаат желба да напредуваат и да ја подигнат својата форма на повисоко ниво.

Од Камперите се очекува да се однесуваат пристојно кон сите учесници на кампот како и кон тренерите и организаторите.

Сместување:

Учесниците ќе бидат сместени во прекрасни 4* апартмани за 6 или 8 лица кој се наоѓаат во срцето на Алпите и веднаш до ски стазите. Апартманите се супер модерни, комфорни со прекрасен панорасмки поглед и одлични за одмор и релаксација. Одличната локација на апартманите овозможува скијање без да користите ски автобус. Од оваа година има нова жичара ZellamseeXpress која се наоѓа многу блиску до нашето сместување.

Капацитет:

Внатрешен и надворешен базен, сауна. Вкупна должина на поврзани стази околу 400 км. Сини стази: 31, Црвени стази: 27, Црни стази: 6. Надморска висина: 1000 / 2100 м.

Плаќање и откажување на патувањето:

Партиципација за кампот: Период 03.01 – 12.01.2020 = (дополнително ќе се објави) евра по лице (за лица родени 2001 год. и помлади) За лица родени 2000 год. и постари цената е (дополнително ќе се објави) евра по лица.

Цената ВКЛУЧУВА:

  • 7 ноќевања со 2 оброци дневно (појадок – се служи во апартманот и ланч пакет за секој учесник),
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Салбах – Скопје
  • Ски карта за 6 денови
  • програма со едукативни и забавни активности,
  • Групни (патролни) инструктори. 10 деца – 1 инструктор.
  • Користење на сауна и базен (внатрешен и надворешен)
  • професионални тренери и лидери
  • Ски маичка за секој учесник
  • постелнина
  • комлетно чистење на апартманот
  • Wi-Fi во апартманите и на рецепција

Цената НЕ вклучува:

  • Ски опрема (возможно е да се рента)
  • Крпи (пожелно е секој да си понесе или се доплаќа)
  • Туристичка такса 2 еу дневно (се плаќа во хотел)

Плаќањето може да се изврши во готово или електронски најкасно до 10.11.2019. Секој учесник / спортски клуб треба да плати 30 % од сумата по потврдување на апликацијата.
Дозволено е и плаќање на неколку рати. Последната рата треба да се уплати најкасно до 10.12.2019

За откажување на патувањето важат општите правила на кампот.

Ски училиште

Вондер Камп ви овозможува брзо и лесно да го совладате скијањето со одлични професионални инструктори. Цени се промотивни и може да ги користат само учесниците на кампот.

Групен час за деца 2ч дневно за 3 дена – 115 евра
Групен час за возрасни 2ч дневно за 3 дена – 139 евра
Групен час за деца 2ч дневно за 6 денови – 199 евра
Групен час за возрасни 2ч дневно за 6 денови – 259 евра.
Индивидуален час 1ч – 65 евра.

Напомена: Групните часови се со максимален број од 6 учесници. Часовите се закажуваат минимум 15 дена пред поаѓање. Ски училиштето во Австрија НЕ Е задолжително.

Опрема и облека:

– Камперите мора да бидат облечени соодветно за време на активностите

Осигурување и безбедност:

Секој учесник мора да поседува валидно патничко осигурување кое покрива и дополниелни незгоди при скијање.

Нашиот искусен тим на лидери е достапен и е должен да води постојана грижа за сите учесници. Квалификувани спасувачи и тренери ќе ги придружуваат учесниците на скијачките патеки, на базен и во текот на сите нивни спортски активности.

Транспорт:

Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.

Програма на патувањето со автобуски превоз:

1 Ден – 03.01 – Македонија
15.00 Состанок со групата
поаѓање кон Австрија и ноќно возење. Скопје – Белград – Загреб – Австрија.
2 Ден – 04.01 – Пристигнување во Австрија и сместување во попладневните часови.
Вечерен состанок и објаснување на правилата и тимовите за скијање.
2 – 9 Ден – Вондер Камп – Салбах Австрија
9 Ден – 11.01 – Појадок и поаѓаме кон Виена.
Разглед на Виена и вечерно патување кон Македонија
10 ден – 12.01 Пристигнување во Македонија во утринските часови

Како да се пријавите?

Пополнете ја апликационата форма и доставете ја до организаторот до 25 Ноември 2019. Без пополнета и потпишана пријава за регистрација нема да биде дозволено учество.


ОТКАКО ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРАТЕ:

Доколку се регистрирате електронски ќе добиете известување / потврда по е-маил за вашата регистрација. Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 30 Ноември 2019.

 

ДОЗВОЛЕТЕ ДА ВИ ГО ПРИРЕДИМЕ НАЈУБАВОТО И

НАЈЗАБАВНО ЗИМУВАЊЕ ДО СЕГА!

Аплицирајте

Participant Info
Информации за родителот

    Вашата апликација беше успешно испратена